Германска компанија наскоро ќе отвори фабрика за електроника во Велес, со што ќе се отворат околу 600 нови вработувања. Инвестицијата ја најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на завчерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ на плоштадот Македонија во Скопје. Министерот Веле Самак ме информира дека со успех завршиле преговорите со еден германски гигант и дека тие планираат наскоро нова фабрика кај Велес за електроника во која ќе вработат нови 600 невработени луѓе - рече Груевски. Говорејќи за поволната економска клима во државата и за рангирањето на Македонија според Светска банка, Груевски рече дека со конкретни дела досега биле привлечени голем број инвеститори како „Џонсон Kонтролс”,„Џонсон Мети”, „Kемет електроникс”, „Kромберт и Шуберт“ и други.
Германска компанија наскоро ќе отвори фабрика за електроника во Велес, со што ќе се отворат околу 600 нови вработувања.
Инвестицијата ја најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на завчерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ на плоштадот Македонија во Скопје.
- Министерот Веле Самак ме информира дека со успех завршиле преговорите со еден германски гигант и дека тие планираат наскоро нова фабрика кај Велес за електроника во која ќе вработат нови 600 невработени луѓе - рече Груевски.
Говорејќи за поволната економска клима во државата и за рангирањето на Македонија според Светска банка, Груевски рече дека со конкретни дела досега биле привлечени голем број инвеститори како „Џонсон Kонтролс”,„Џонсон Мети”, „Kемет електроникс”, „Kромберт и Шуберт“ и други.